Асанж повторно “фрла ракавица”- Ќе објавам уште поважни документи за шпионирањето на Франција!

од desk3
146 прегледи

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ја повика Франција да преземе акција по откритието дека била шпионира од САД. Покрај тоа, тој вети во интервју за телевизијата ТФ1 дека ќе објави уште поважни документи, пренесе Франс прес.

асанж

“Влогот се економските и политичките интереси на Франција, суверенитетот не може да и биде погазен, тоа ќе биде срам”, рече Асанж. “За Франција дојде време да започне парламентарна истрага и да го изнесе случајот во судот”, додаде тој.

Според него светските сили сега набљудуваат како ќе реагира Франција. Ако таа ја прифати политиката на ној, тоа ќе е јасен сигнал до САД и во други земји како Русија и Кина, продолжи Асанж.

Тој даде интервју пред ТФ1 од амбасадата на Еквадор во Лондон, што му даде азил пред три години. Според основачот на Викиликс претстои откривање на најважните документи, откако француски медиуми објавија документи на Викиликс, според кои САД шпионирале тројца француски претседатели.

“Имаме други информации кои ќе излезат во вистинскиот момент. Од политичка гледна точка она што допрва треба да биде објавено, ќе е многу поважно од објавеното од нас досега”, рече Асанж, цитиран од АФП.

Малку подоцна државниот секретар на Џон Кери ја негираше шпионажата.

САД не гошпионираат францускиот претседател Франсоа Оланд, ниту кој и да е друг француски владин претставник, изјави тој во Вашингтон.

“Ние не го шпионираме претседателот Оланд, нема шпионираме пријатели како претседателот Оланд, и не извршуваме никакви активности на надворешното разузнавање, ако нема многу специфична и важна цел поврзана со националната безбедност, а такво нешто не ми е познато досега”, рече Кери, цитиран од Ројтерс.