Асфалтиран е крак од патот Шашаварлија – Кошево – Почивало

од Destan Jonuzi
312 прегледи

По претходните активности со кои патот се подготви за асфалтирање денеска се постави и асфалтната маса. Со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и дел од Буџетот на Општина Штип се асфалтира еден километар од овој патен правец. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Рамиз Реџепи денеска извршија увид.

– На мое огромно задоволство заедно со директорот на Бирото за регионален развој сме на патниот правец Шашаварлија – Кошево – Почивало. Како што знаете во изминатиот период се работеше на припреми за асфалтирање, а денес е завршната фаза од овој на дел на патниот правец кој е во вкупен износ од пет милиони денари, четири милиони денари се од Бирото, а еден милион денари се од Буџетот на Општина Штип. Ова за нас е дополнителен мотив за следната година да ги следиме сите програми кои ќе бидат објавувани и практично преку нив да аплицираме наши проекти, рече Јорданов.

Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Реџепи е задоволен од работата на терен. Посочи дека градоначалниците од источниот регион аплицираат со проекти и се инвестира во инфраструктурата. Додава дека ќе се издвојат 48 милиони денари од буџетот на бирото за реализација на проекти во сите општини во Брегалничкиот регион.

– Денеска ми е чест да присуствувам заедно со градоначалникот на оваа делница, каде што и ние сме финансиери. Во петок ќе се потпишат договори со Источно планскиот регион каде ќе бидат опфатени сите општини, и ќе се издвојат 48 милиони денари, додаде Реџепи.

Реџепи упати јавна благодарност до градоначалниците од ИПР, бидејќи она што се финансира од нивна страна на терен се работи се завршува квалитетно.

Слични содржини