Ашер нема да биде платен за настапот на Супер Боул?

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Пејачот Ашер е во центарот на вниманието откако се дозна дека ќе настапи на овогодинешното полувреме на Супер Боул, кое се смета за еден од најважните настани во годината и кариерата на секој пејач во Америка.

По информацијата за неговиот настап, посебно се издвои едно прашање, а тоа е колку пари ќе добие пејачот за овој настап?

По објавувањето на неговиот настап, Билборд забележа дека заработката на Ашер е зголемена за 7,8 милиони долари на вкупните стримови во САД.

Според медиумските шпекулации, заработката на Ашер за Супер Боул изнесувала неколку милиони долари.

Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Пејачот, всушност, нема да заработи ништо за 15-минутниот настап.

Организаторите на Супер Боул сметаат дека настапот на пејачот е доволна реклама за имиџот и делото на изведувачот и дека не им е потребен дополнителен хонорар, пишува Cosmopolitan.

Пејачот ќе заработува од стриминг на својот настап на различни платформи како Spotify и на овој начин ќе заработи милиони долари.

Исто така, само 48 часа пред Супер Боул, Ашер го издаде својот нов, деветти, албум Coming Home, за првпат од 2016 година. Настапот на полувремето беше идеална прилика да го промовира новиот албум, кој исто така ќе му донесе многу пари.

Слични содржини