Во Киев се шпекулира дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го отпушти шефот на неговите вооружени сили, генералот Валериј Залужни.
Зеленски и Залужни се караат веќе некое време, а изговорот за разрешување на Залужни најверојатно ќе бидат загубите во и околу Авдеевка, која е упориште на украинската војска северно од Доњецк.
Се шпекулира дека на местото на Залужни ќе дојде Кирило Буданов, шефот на воената разузнавачка служба, пишува „Asia Times“.
Според порталот, на Зеленски му се потребни лојални луѓе бидејќи неговата ситуација станува се понесигурна. Неговите европски и американски сојузници, кои сè уште велат дека го поддржуваат – иако не испраќаат помош, се свесни дека Украина не може да го издржи рускиот воен притисок.
Затоа во последните месеци се погласно се појавуваат приказни дека Украина ќе загуби и дека украинската влада можеби ќе треба да го евакуира Киев.
Основата на оваа „нова политика“ е да се стави Буданов под контрола и да се пресели главниот град на Украина во Лавов, пишува „Asia Times“.
„Во последниве месеци се појави нова стратегија кон Украина. Ако се толкува правилно, таа беше составена за да се справи со новата реалност – Украина ќе ја изгуби војната, а нејзината влада можеби ќе треба да се евакуира од Киев“, пишува порталот.