Асиметричен одговор: Со кое оружје Русија може да ги уништи САД за помалку од 30 минути

од desk3
91 прегледи

На овогодинешната средба на дискусијата во клубот “Валдано” го прашаа Владимир Путин “Вие нели можете да ги уништите САД, на пример за 30 минути?”. И кога рускиот претседател одговори откако замолчи неколку секунди: “Во општи линии да, дури и побрзо …”, многумина не успеаа да го оценат на моментот веродостојноста на овие зборови.

20151107.crhqnwzddg

Тие, се разбира може да бидат потврдени од страна на човекот, кој знае се за најмоќните руски оружје – главниот командант на руските ракетни сили со стратешко намена генерал-полковник Сергеј Каракаев, забележува воениот ТВ канал “Ѕвезда”. И додава дека тоа го признал и началникот на Генералштабот на американските копнени сили генерал Марк Мили кој изјави неодамна: “Русија е единствената земја која може да ги уништи САД, бидејќи Русите имаат можности и нуклеарно оружје да го направат тоа”.

Ако сме објективни, нуклеарната војна дури меѓу две страни може да доведе до непредвидливи светски катаклизми. И нападната идеја на Американците за “локално користење на нуклеарно оружје” како инструмент за наметнување на политиката на Вашингтон е откачено мечтаење и целосна утопија, забележува ТВ “Ѕвезда”.

Но, ако тие изненадувачки сепак се престрашат да нанесат врз Русија превентивен нуклеарен удар, наивно претпоставувајќи дека тој нема да остане без одмазда, тие илузии следува да бидат разбиени уште сега.

Дури и ако сите командни пунктови на руската армија бидат уништени, што е во сферата на фикцијата, системот “Периметар” ќе се активира сам. Нарекувана на Запад “Мртва рака”, а во Јапонија “Раката од ковчегот”, овој систем денес е така модернизиран што е едноставно е непрепознатлив за странските разузнавачки служби, тврди ТВ “Ѕвезда”.

Првично “Периметар” беше замислен како систем за самостојно управување со ракетните сили со стратешка намена. Таа гарантира со технички средства и програмското обезбедување употреба на ракетите дури ако сите загинале и нема кој да даде заповед. Со обработката на гигански информации системот поседува способност да ги анализира промените во воената и политичката ситуација во светот и да прави заклучок дали настапилл момент да даде команда за истрелување на ракетите.

Тоа го можеше системот “Периметар” уште предхпдно, а најновите способности природно се далбоко тајни. Познато е дека, сепак, во модернизираната варијанта тој претставува неизбежна одмазда. Ова не е само поради можноста да нанесува одмазднички напади, кои би го потопиле светот во мрак и хаос. Најглавното е што овој одмазднички удар едноставно не може да биде застапен поради новите ракети со стратешка намена.

Така системот “Периметар” денес е единствената во светот “машина на судниот ден” – оружје за гарантирана одмазда, чие постоење е официјално потврдено и во САД се прекрасно свесни за тоа, забележува во заклучокот на ТВ “Ѕвезда”