Асоцијацијата на спортски обложувалници бара да се продолжи рокот на уредбата за онлајн-обложување

од Берта Китинска
482 прегледи

Од Асоцијација на спортски обложувалници реагираат дека утре истекува рокот на уредбата со која што на приредувачите на игри на среќа шест месеци имаа дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата.

-Со уредбата се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари.Бидејќи нема подзаконски акти во постојаниот закон не може никој да организира интернет обложување.Играчите полека стекнуваат навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите ќр ги вратиме на странските сајтови каде ќе изгубиме до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси. Барам влдата да ја имплементира уредбата за да се продолжи. Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе, изајви рече Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Слични содржини