Астероид со големина на автобус поминува покрај Земјата, забележан пред само два дена

од Nikola Popovski
317 прегледи

Астероид со големина на автобус, кој научниците го забележаа само пред два дена, денеска ќе помине покрај Земјата.

Астероидот ќе помине блиску до Земјата, односно ќе му се приближи за време на прелетувањето на само 90.000 километри, што е околу 23 отсто од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината.

Многу поважен од тоа е фактот што пред само неколку дена никој не ни знаеше дека доаѓа овој астероид.

Астероидот наречен „2022 NF“ се очекува безбедно да помине покрај нашата планета и да не падне на Земјата, соопшти лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена.

Астрономите го открија астероидот користејќи податоци од „Pan-STARS“, систем за камера и телескоп со седиште на Хаваи, чија примарна цел е да открие објекти блиску до Земјата.

Научниците го идентификуваа објектот дури на 4 јули и ја пресметаа неговата приближна големина и траекторија, проценувајќи дека вселенската карпа е широка помеѓу 5,5 и 12,5 метри.

Поради својата мала големина, „2022 NF“ не ги исполнува критериумите на НАСА за „потенцијално опасен астероид“, кој мора да биде долг најмалку 140 метри и да помине на 7,5 милиони километри од Земјата за да ги исполни тие критериуми.

НАСА и другите вселенски агенции внимателно следат илјадници објекти блиску до Земјата.

Овие објекти ретко претставуваат закана, но некои големи астероиди би можеле да се покажат опасни доколку се сменат нивните траектории.

Слични содржини