Астероидот погоден од сондата на НАСА остава трага од 10.000 километри

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Астероидот кој планирано беше погоден од сондата Дарт на НАСА, остава трага од разурнатини зад себе која се протега на илјадници километри. Телескоп во Чиле ја снимил извонредната слика на „опашката“ зад астероидот слична на онаа која се гледа зад патека на комета.

Сондата, како што ја програмираа научниците, минатата недела се судри со астероидот за да тестира дали астероидите кои би можеле да ја загрозат Земјата би можеле да бидат исфрлени од патот.

Научниците работат на тоа дали тестот бил успешен и дали траекторијата на астероидот се променила.

Извонредната слика беше снимена два дена по судирот од астрономите во Чиле. Тие беа во можност да ја снимат огромната патека користејќи го јужниот астрофизички телескоп за истражување (Soar).

Трагата се протега на повеќе од 10.000 километри и се очекува да биде уште подолга додека не се распадне и не изгледа како долга линија на вселенска прашина која лебди наоколу.

Астрономот вклучен во набљудувањето на астероидот, Теди Карета, изјави дека јасноста со која успеале да ја забележат структурата и степенот на последиците по судирот е неверојатна.

Трагата од разурнатини ќе се следи во текот на следните недели и месеци.

Слични содржини