Aston Martin ги откажа плановите за Vanquish со централен мотор

од Vladimir Zorba

Некои медиуми пишуваат дека Aston Martin ги одложил плановите за Vanquish со централно лоциран мотор.

Треба да се потсетиме дека на почетокот на 2019 година, Aston Martin го претстави концептот Vanquish Vision (на фотографијата), како најава за следната генерација суперавтомобил со централно поставен мотор кој ќе им конкурира на автомобили како Ferrari 296 GTB и наследникот на Lamborghini Huracan. Според последните вести, ваков автомобил нема да ја види светлината на денот.

Портпаролот на Aston Martin за некои медиуми изјави дека Vanquish со централен мотор е откажан. Сепак, останува можноста името Vanquish да се користи за друг производ во иднина.

Во јуни, претседателот на Aston Martin, Лоренс Строл, изјави дека брендот повеќе ќе се фокусира на Valhalla и Valkyrie.

Слични содржини