Aston Martin ја претстави Valhalla во 2019 година со хибриден погон и V6 мотор, а две години подоцна доби и V8 мотор. Сега следува нов сет на фабрички фотографии и изјава која меѓу другото вели дека овој суперавтомобил ќе започне да се произведува во 2024 година.
Во соопштението се истакнува и дека Aston Martin соработува со тимот на Aston Martin Performance Technologies F1 за да помогне во развојот на материјали, аеродинамика и динамика на возење.
Голем дел од Valhalla инаку може да се создаде и рафинира со користење на компјутерско моделирање и симулатори. Иако првиот вистински тест автомобил ќе се појави на патиштата подоцна оваа година, Aston истакнува дека 90 проценти од динамичкото поставување е веќе решено со помош на симулаторот.
Вистинската километража на патот повеќе ќе се однесува на проверка на податоците од симулацијата, откривање како комбинираните 600 килограми надолна сила произведени при 240 км/ч функционираат во реалниот свет и ќе ги отстранат сите грешки во хибридниот V8 погон и погонот на четири тркала.
Системот се состои од три е-мотори и твин-турбо V8 единица, со комбинирана моќност од 1012 КС.
Се тврди дека дури и возачката позиција му дава на возачот чувство како на Формула 1, бидејќи е изменета со помош на AMF1.
Aston Martin вели дека Valhalla ќе користи активни технологии за да го премости јазот помеѓу „господинот возач“ и професионалецот.
Планирана е серија од 999 автомобили, каде основната верзија ќе чини најмалку 755.000 евра.