Астрофизичари, со помош на вселенскиот телескоп “Spitzer” и инфрацрвениот вселенски телескоп “WISE”, откриле гигантен куп галаксии – J1142 + 1527, кои се наоѓаат во многу оддалечени делови на универзумот.
Фотографиите направени со помош на телескоп, се објавени на сајтот на Американската вселенска агенција НАСА. Откриениот кластер на галаксии е на растојание 8,5 милијарди. светлосни години од Земјата и е најголемата структура, откриена толку далеку. Масата е неколку квадрилион пати поголема од масата на Сонцето.