Астрономите го набљудуваа “будењето“ на црната дупка

од Vladimir Zorba
110 прегледи

За прв пат беше забележано “будење” на црна дупка од сонот, објавија научници под водство на Меган Аргоу од центарот за астрофизика “Џодрел банк” во Велика Британија, цитирани од ДПА.655-402-cherna-dupka

Црната дупка е тип ѕвезда, која е толку тешка што наместо да зрачи светлина, ја голта не само неа, но и сето она што е привлечено од нејзината гравитација.

Набљудуваната црна дупка ги зголеми стотици пати димензиите само за неколку месеци, фрлајќи за првпат светлина врз активноста на т.н. супермасивни црни дупки.

Тимот ќе ги презентира резултатите од набљудувањата на годишната национална конференција за астрономија на Британското кралско астрономско друштво во Ландидно, Велс.

Објектот се наоѓа на растојание од околу 42 милиони светлосни години во галаксијата NGC 660 во соѕвездието Риби. Одреден е како супермасивен, бидејќи масата му е еднаква на онаа на 20 милиони сонца.

Обично супермасивните црни дупки, за кои се верува дека се во центарот на големите галаксии, меѓу кои Млечниот пат, се во sleep mode и се откривани главно преку нивната голема гравитација .Единствено кога ќе проголта големо количество материја, црната дупка станува активна. Во овој процес се ослободува толку многу енергија, штоматеријата еосветлена пред да исчезне во црната дупка. Дел од материјата е исфрлена во форма на снопови светлина во вселената.

Набљудуваната галаксија NGC 660 со радиотелескопи одеднаш стана стотици пати посветла во 2012 година. Астрономите под раководство на Аргоу анализирале архивски снимки на NGC 660 и поврзале неколку радиотелескопи во Велика Британија, Кина и Русија во виртуелен гигантен радиотелескоп, за да ја истражуваат попрецизно активноста.