Аталанта ја освои Лигата на Европа

од Milan1
418 прегледи

Аталанта синоќа во Даблин го совлада Баер Леверкузен во финалниот натпревар од фудбалската Лига на Европа со 3:0. Херој на натпреварот беше Адемола Лукман кој ги постигна трите гола, во 12., 25. и 75. минута.

Италијанскиот клуб за прв пат во историјата ја освои Лигата на Европа.

Избраниците на Чаби Алонсо ја прекинаа рекордната серија од 51 меч без пораз.

Претходно во својата клупска историја, тимот од Бергамо имаше освоено само еден трофеј – во 1963 година стигнаа до Купот на Италија.

Аталанта го загуби финалето на Купот на Италија пет пати (вклучително и оваа година). Во 1988 година стигна до полуфиналето на Купот на победниците на куповите, а во сезоната 1984/85 играше во финалето на Митропа куп (Средноевропски куп).

Слични содржини