Атанасов: Ние сме конзервативно општество, не можеме преку ноќ да се смениме

од Andreja Salpe
318 прегледи

Проф. д-р Петар Атанасов во гостување во емисијат „Click Plus“ на ТВ 21 вчера истакна дека секое општество големите теми треба да ги прифаќа во фази.

„Иако гледаме дека скандинавските и северноевропските земји денеска имаат некакви резултати од воведување на сексуално образование во задолжителното и формалното образование. Ние сме конзервативно општество… Не може конзервативното општество преку ноќ да го претворите во нешто што не е, така што мора да се оди внимателно и во оваа тема, преку ноќ не може да носите закони и да промените нешто, ако тоа не ви е прифатено од самите граѓани, мора да го објасните. Новите генерации можеби полесно ќе разговараат и ќе прифатат некои од овие теми“, вели Атанасов.

Слични содржини