Атанасовски: „Кај им ги зимаат парите на луѓето, па сега и здравјето ќе им го земат“ (фото)

од Берта Китинска
301 прегледи

Фоторепортерот Роберт Атанасовски на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии на кои се гледа долга редица на луѓе кои чекаат пред банките за да завршат работа на шалтерите.

-Па добро бе луѓе нели банките, кај им ги зедоа парите на луѓето, па сега и здравјето ќе им го земат. Не ми е јасно од кого ќе земаат пари после, од самите себе. Ќе си штедат сами па ќе си наплаќаат камата. Вие од Марс сте паднати па не знаете дека луѓево имаат само два саати да си подигнат пари – па ставете уште некој шалтер, ставете некој редар потрошете нешто, или само ќарот ве интересира. И има ли некој ред во оваа држава да направи, да спроведе некој закон, па нели од 5 души повеќе нема групирање. Нели на влада на прес кажавте дека мора да има редар. Мора!!! Вака луѓево ко глинени голуби ви се.За ова некој треба да одговара кривично, затоа што ги изложува пензионерите на опасност буквално по живот, напиша Атанасовски.

Слични содржини