🎥 Атентат врз словачкиот премиер, застрелан по состанокот во Владата

од Milan1
250 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет во пукотница пред зградата на Владата, откако ја напуштил зградата по завршувањето на седницата. Тој е хоспитализиран, а напаѓачот е уапсен.

Според првите информации, Фицо бил застрелан во Братислава по состанок на владата, недалеку од културниот центар. По истрелите тој паднал на земја, а обезбедувањето кренало, го ставило во автомобил и го однело во болница.

Медиумите јавуваат дека зградата пред која се пукало се евакуира.

Како што пренесуваат медиумите, тој има рани на главата и градниот кош.

Извор на Ројтерс јавува дека се слушнале неколку истрели и дека е забележан маж како е приведен од полицијата. Сведокот рече дека видел службеници од обезбедувањето како туркаат некого во автомобил и заминуваат.

Засега нема информации во каква состојба е премиерот.

Слични содржини