Атина и судот бараат информации од Скопје за „Актор“

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Дополнително, Јавното обвинителство не коментира за ова прашање, иако предметот за Актор во земјава е отворен веќе неколку месеци, односно лани. Алсат испратил прашања до Јавното обвинителство, но оттаму денеска не добиле  одговор. Актор предкривична истрага отвори и македонското Обвинителство, откако лани во март на прес-конференција опозицискиот СДСМ обвини за незаконско подигање милионски суми во кеш од сметката на фирмата од банка во Неготино. Оттогаш досега Јавното обвинителство не излезе со информации за овој случај.

“Актор” создаде многу проблеми и во  Бугарија ,  откако победи на тендерот за делот од Автопат “Струма”. Изградбата задоцни што ја стави под сомнение апсорпцијата на доделените за целта европски пари.