„Атомска русокоса“: Еве што се добива кога ќе се спојат Барби и Опенхајмер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ целосно го зафатија светот, и додека некои луѓе се одлучуваат за едното или за другото, има многу луѓе на кои им се допаѓа и едното и другото.

Така, манијата „Барбенхајмер“ го зафати светот, а сега некој добил оригинална идеја да ги спои ликовите на Барби и Опенхајмер, имено на актерката Маргот Роби и актерот Килијан Марфи за да можеме да видиме како би изгледала „мешавината“ од двете.

Вештачката интелигенција си ја заврши работата, а фигурата на жената што ја доби нивниот спој многумина ја оценија како преубава.

„Опен Барби“, „Атомска русокоса“, „Таа е жешка“, се дел од коментарите, а освен на Анџелина Џоли, оваа „актерка“ ги потсети луѓето и на Шарлиз Терон, Ана де Армас, Барбара Шелби, Кендал Џенер, Ирина Шајк и други, иако мнозинството одлучи дека личи на Анџелина Џоли.

Слични содржини