513
Фолк-пејачот Аца Лукас итно бил пренесен во болница пред два дена, пренесува „Република.рс“.
Му се слошило во станот, а најпрво почувствувал силни болки во стомакот. Бидејќи болката не престанала, пејачот побарал лекарска помош, пренесува „Скандал“.
Лукас веднаш бил примен во болница, а лекарите детално го прегледале и ги направиле сите анализи. Сепак, лекарите дошле до заклучок дека тој нема никаква болест и бил пуштен дома. Веднаш се утврдило дека пејачот нема корона, иако тој на шега вели дека е имун на овој вирус, но сепак добро се пази веќе една година.
Лекарите го советувале да одмора што е можно повеќе, имајќи предвид дека Лукас имаше многу обврски во изминатите неколку дена поради новото ЦД кое го издава.