Аца Лукас примен во болница поради силни болки

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Фолк пејачот Аца Лукас итно бил примен во болница откако почувствувал силни болки во пределот на стомакот, дознава „Нова.рс“.

Лукас веднаш побарал лекарска помош бидејќи болките не престанувале. Тој бил примен во Клиничкиот центар, а лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите анализи.

Оваа вест за порталот „Нова.рс“ ја потврди Саша Мирковиќ, менаџер на Аца Лукас.

„Да, тој беше примен утрово, се префорсира, прави тестови. Сета таа нередовна исхрана и многу патувања… но се надевам дека се ќе биде во ред и дека многу брзо ќе се приклучи на остатокот од тимот за да може да продолжи со работата“. Се надевам дека нема да биде ништо сериозно“, изјавил Мирковиќ.

Слични содржини