Ау-ау, Путин, изгледа никој веќе не верува на твојата валута

од desk3
129 прегледи

 
Русија стана жртва на две класични грешки. Најпознатата е никогаш да не се интервенира во војна во земја во Азија (Упс-а-а). Малку помалку позната е другата грешка – да си мислиш дека бизнисот со извозот на нафта може да ја замени вистинската економија.

c424068278df0b7e93b5b9da596c2c88

Двојно разминување со целта

Судејќи според последните вести руската валута повторно е во состојба на слободно паѓање. Од почетокот на годината истата загуби со 12% и со цели 5% се во вторникот, 19 јануари, застанувајќи на прагот малку над 83 рубљи во однос на доларот. Во петокот, 22 јануари, таа малку зајакна, бидејќи тој ден беше добар за нафтата. Дури и во таква ситуација нејзината вредност е значително под нивото од една година порано, кога поради бегството од рубљата владата беше принудена да ја укине водечката камата, за да не дозволи луѓето да изгубат доверба во рубљата. Со други зборови, вчерашните панични стравови денес станаа сурова реалност.

Меркел до ЕУ- краен рок за решавање на бегалската криза е март!

Се потпира, како што веќе сум го спомнал, на тоа дека Русија практично нема никаква економија со исклучок на извозот на нафта, што значи дека сега таа воопшто нема економија. Одложувањето на економскиот раст на Кина пак значи дека побарувачката на нафтата се намалува, но уште поважно е тоа што нивното производство е премногу големо. Во периодот меѓу револуција на шкрилци, одбивањето на Саудиска Арабија да ја смали екстракција и укинувањето на санкциите против Иран, Меѓународната агенција за енергија забележа суфицит на пазарот од 1,5 милиони барели дневно. Како резултат, барем засега, цената на нафтата е намалена за 75% до 30 долари за барел за последните 18 месеци. Ова ниво е толку ниско што некои компании кои добиваат нафта од шкрилци , би требало да почнат да излегуваат од овој бизнис, а потоа обемот на понудата би требало да се намали и цените да одат нагоре. Добро, но тука има два проблема. Првиот е во тоа што многу производители на нафта од шкрилци зеле на заем толку многу пари, што сега не можат да си дозволат да престанат со екстракција. Вториот проблем е што дури и тие да го направат тоа, многу лесно тие ќе можат да ја запрат екстракцијата и да стават во акција нафтени бунари, според она што е потребно да се прави. Тоа значи дека во најлош случај тие ќе бидат принудени да бездејствуваат, но штом цените повторно се кренат, да речеме до 60 долари за барел, тие сепак ќе започнат екстракција.
Поради оваа причина, дури и ако ситуацијата се подобри, во Русија таа ќе остане неповолна. Обрнете внимание на следново: нејзината економија падна во 2015 година со 3,7%, и според прогнози на Меѓународниот монетарен фонд оваа година ќе се намали за уште 1%, а тоа се премногу оптимистички претпоставки за датум за цена на нафтата во просек 42 долари за барел. Судејќи по се, не подобро одат работите и со рускиот буџет. Та нели 50% од буџетските приходи доаѓаат од продажбата на нафта. Значи најавеното неодамна намалување на буџетските трошоци за 10% може да се покаже како недоволно, бидејќи тоа беше предвидено со надеж дека цената на нафтата повторно ќе прасне до 50 $ за барел. Не помага и тоа што на Внешекономбанк може да и затреба државна поддршка во вредност од 18 милијарди долари. Зошто може да се каже дека работите стануваат сериозни? Каков друг аргумент има, освен дека руските олигарси во Лондон веќе не купуваат толку многу скапи уметнички дела? Па замислете се за следново: високи руски претставници изјавија дека Русија може да биде принудена да скрати со екстракција на нафта, во обид вештачки да пги оддржи цените на нафтата, признавајќи на тој начин пораз и отстапка ц од пазарот, во “студената војна” со Саудиска Арабија.
Или пак само погледнете ја рубљата. Таа е блиску до нивото на показателите за руската економија. А сега тоа значи дека земјата доживеала крах. Рубљата падна речиси со 60%.
И пак сé сведува на нафтата. Падот на цените на нафтата значи дека руските компании веќе имаат помалку долари, кои можат да бидат заменети во рубли, или кажано инаку побарувачката на рубљи е намалена, а со тоа се намалува и нејзината вредност. Колку повеќе рубљата ја игнорираат, толку повеќе обичните Руси можат да одлучат дека дури кај камата од 11% не вреди да се држат рубли, кои снамалуваат. Токму тоа се случи на крајот на 2014 година, или барем додека доларите на банките не завршија. Тогаш луѓето се упатиле да ја разменат рубљата во што и да е, да купуваат автомобили, мебел од Ikea, производи на Apple и тоа како ќе ја поддржи вредноста на рубљата.
За Москва тоа е црвена линија. Не е страшно, кога рубљата поевтинува, страшно е кога таа паѓа. Бидејќи валута не може да функционира ако нема доверба во неа. И падот од таков карактер би можел да ги уништи и ретките останати со доверба кон рубљата. А тоа, за возврат, би довело до ситуација руските компании да останат со доларски долгови, чие плаќање би било многу потешко сега, кога на нив самите би им плаќале во рубли, кои скоро ништо не чинат. Со други зборови тоа би значело банкрот.
Добрата вест е дека ова сега не се случува. Лошата вест е дека рубљата го намалува курсот толку брзо што е сосема можно токму тоа да се случи. Ако сепак сега Русија ја остави рубљата да опаѓа, тоа не значи дека земјата дејствува погрешно. Тоа е правилно. Таа навистина не може да си дозволи да губи од своите резерви, обидувајќи се да предизвик економската гравитација, за да не падне на патот на оваа нафтена цена, или пак да нанесе на економијата уште поголема штета, кревање на водечката камата. Освен тоа во евтината валута ги прави поконкурентни непетролните сектори на економијата, доколку ги има. Русија сепак сака тоа да биде плански организирано, а тоа значи дека може да и се наложи да се обиде да ја намали продажбата , ако го избере она што веќе реков дека не треба да го прави: да потроши дел од своите резерви и дури да ги оданочи луѓето кои пренесуваат свои средства во странство. Тоа всушност е поразумно, отколку што изгледа. Смислата на слична акција е во тоа дека Русија треба да ги зачува резервите, ако стане сосема лошо, а не само лошо.

Најважно е дека рубљата ќе продолжам да опаѓа и понатаму, додека паѓаат цените на нафтата. А ако ви се чини дека ова веќе сте го виделе претходно, тогаш причината е дека навистина е така. Дали станува збор за 1986 година или за 2016-та, руската економија е силна само тогаш, кога цената на нафтата е издржлива, што пак значи дека сега таа е многу силна.
Приходите на обичните Руси само минатата година се намалиле за 9% со известување на инфлацијата. За Путин, тоа не е добар знак.

Мет О’Брајан, “Вашингтон пост”