158
Германскиот производител на автомобили Audi ја суспендираше целата активност на Twitter до понатамошно известување, објави денеска германската медиумска групација VirtshaftsVohe, повикувајќи се на сигурни извори од компанијата.
Volkswagen, кој е сопственик на Audi заедно со брендовите VW, Seat, Cupra, Lamborghini, Bentley, Ducati и Porsche, на почетокот на оваа недела соопшти дека им препорачал на сите компании што ги поседува да го паузираат платеното рекламирање на Twitter до понатамошно известување, откако Eлон Маск ja презеде таа социјална мрежа, пренесe Ројтерс.
Оваа компанија нема објавено ниту еден твит од 1-ви ноември, а дотогаш твиташе речиси секој ден.