Audi понуди ретка можност да ги купите најбрзите и технолошки најнапредните тркачки автомобили, имено R18 LMP1, кој победи на трката 24 часа Ле Ман, и RS5 DTM.
Audi го нарекува овој потег „проект за тркачки легенди“ а целта е да се продадат неверојатни тркачки автомобили на одреден број клиенти и да им се обезбеди техничка поддршка.
И двата горенаведени модели припаѓаат на ерата на трки во која конструкторите ја туркаа технологијата до нејзините граници, без оглед на цената. Хибридната формула LMP1 или Класата 1 на DTM беа целосно неодржливи. Денешните спортски прототипови се многу построго регулирани вклучувајќи ги и трошоците, и додека Класа 1 живее како GT500 во јапонската серија Super GT, DTM се пресели во готови и релативно достапни автомобили GT3.
Иако и двата болиди се постари од една деценија, технолошки само Формула 1 болидите се понапредни од нив.
Audi ја нуди шасијата R18 #207, која победи на „6 часа Спа“ во 2012 година, го зазеде петтото место на Ле Ман и го обезбеди подиумот на секоја следна трка од Светскиот шампионат во издржливост таа година. Веројатно Audi ќе продаде повеќе единици R18, но не е објавено кои и дали меѓу нив воопшто ќе има победник на Ле Ман.
RS5 DTM не е хибрид, но немојте да ве залажува неговиот изглед, бидејќи не е типичен спортски автомобил. Тоа е повеќе прототип со RS5 каросерија. Како и сите подоцнежни автомобили од класа 1 DTM, овој модел има 2.0-литарски четирицилиндричен турбо мотор, кој развива околу 600 КС, а исто така е опремен со бројни аеродинамички компоненти. Станува збор за шасија 107, која победи во финалето на DTM во Хокенхајм во 2015 година.
Audi Sport тврди дека првите испораки ќе се случат во текот на летото.