Купувањето премиум автомобил обично значи долг список на опции, но Ауди планира да го промени тоа. Извршниот директор на компанијата, Гернот Делер, објави дека идните модели ќе имаат помалку опции, но подобар квалитет.
Тој ги наведе воланите како пример – во моментов во понуда се над 100, а во иднина ќе останат само три до четири варијанти, пишува Motor1.
Идејата е да се инвестира повеќе во квалитетот на клучните детали во ентериерот преку намалување на изборот, што го потврди главниот дизајнер Масимо Фрасела, кој ветува полуксузни материјали и изработка.

Фото: Audi
Првиот пример за новата филозофија „помалку е повеќе“ беше прикажан во концептот C, спортски автомобил со алуминиумски контроли и вистинска метална значка на брендот. Сериска верзија се очекува во 2027 година.
Ауди се фокусира и на зајакнување на својот премиум имиџ – ги прекинува најмалите модели А1 и Q2, додека А3 останува најприфатливиот.
Нов електричен модел од основно ниво доаѓа во 2026 година.