Audi исплаќа рекорден бонус на своите вработени

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Audi имаше причина да биде среќен на годишната конференција. Со Bentley, Lamborghini и Ducati, профитот по оданочување беше неверојатни 7,12 милијарди евра.

Минатата година, Audi испорача само 1,6 милиони автомобили – најмал број од 2013 година, но благодарение на високите цени, високиот удел од поскапи возила и, за прв пат, вклучувањето на производителот на луксузни автомобили Bentley во билансот на Audi, вредноста на продажбата порасна за 16 отсто на рекордни 61,75 милијарди евра.

Марките Bentley, Lamborghini и Ducati вклучени во билансот на Audi придонесоа со 1,4 милијарди евра во оперативниот резултат, според „HAK“.

Вишокот пари значи дека треба да се распределат некаде. Бенефит ќе имаат акционерите, дел ќе одат за нови инвестиции, особено во Кина, која е пазар со барања, а дел ќе одат кај работниците.

Околу 55.000 вработени во Audi во Германија добија увид во шемата за распределба на профитот. Квалификуваните работници ќе добијат 8.500 евра, велат од компанијата.

Слични содржини