Audi ќе има електрични автомобили во сите клучни сегменти

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Audi објави некои најави во врска со својата идна гама на електрични возила.

Пред се, Audi потврдува дека до 2033 година целосно ќе ги исфрли возилата со SUS мотори, како и дека во следните години ќе лансира повеќе нови електрични возила на пазарот.

За време на неодамнешното интервју со Top Gear, шефот за истражување и развој на Audi, Оливер Хафман, рече дека германскиот премиум бренд ќе има електрични автомобили во сите свои клучни сегменти до 2027 година. Ова ги вклучува електричните модели A3, A4, A6, A7 и А8, како и бројни кросовери со слична големина.

Додека деталите за многу од планираните електрични возила на Audi остануваат во тајност, Top Gear го праша Хафман дали гамата на компанијата ќе продолжи да вклучува Avant верзии. Тој даде многу охрабрувачки одговор. „Погледнете го нашиот концепт A6 e-tron. Тоа дава многу, многу јасна визија за нашите идни автомобили на платформата PPE. Мислам дека Audi значи Avant, а Avant значи Audi. А всушност RS6 Avant е успех и во Северна Америка“.

Audi, исто така, изгледа се отворени за идејата за електрични градски автомобили. Имаме јасен фокус на градските автомобили“, рече шефот за истражување и развој. „Размислуваме надвор од рамката. Гледаме голема побарувачка за мали автомобили во електричниот свет“.

Покрај тоа, Audi работи и на проектот Artemis, кој ќе резултира со модел кој ќе служи како електричен еквивалент на Audi A8.

Во врска со иднината на TT и R8 во електричната ера, Хофман вели: „ТТ беше големо изненадување, не е најбрзиот спортски автомобил, но има изненадувачки и уникатен дизајн. R8 е вистински суперавтомобил, но беше и изненадување. Погледнете ги најголемите региони во светот, можеме да ве изненадиме и во иднина“.

Слични содржини