Во март 2023 година, Audi ги објави плановите за нова шема за именување возила за подобро да ги разликува автомобилите со мотори со внатрешно согорување од електричните возила. Електричните возила требаше да користат парни броеви (A4, A6…), додека моделите со мотори со внатрешно согорување требаше да користат непарни броеви (A5, A7…). Номенклатурата сè уште беше активна во ноември минатата година кога беше најавен следниот А7 како замена за А6. Но, германската премиум марка се враќа на своите стари имиња на возила, па A7 ќе стане A6, како што треба да биде.
Што е со (бензинскиот, дизел и хибриден) Audi A5, кој го замени A4 минатата година? Тој автомобил ќе ја задржи значката А5, а неговиот претстоен електричен колега сè уште ќе биде лансиран како А4, како што првично беше планирано. Audi се правдаше пред Autocar со тврдењето дека A4 ќе биде малку помал од A5, поради што го носи името – A4. Електричните теренци Q4 и Q6 исто така ќе останат на парни броеви, а Q5 со мотор со внатрешно согорување ќе го задржи својот непарен број, се вели во истиот извештај.
Бројките повторно ќе се однесуваат само на големината на возилото, а не на типот на погонската единица. За да се разликуваат автомобилите со мотор со внатрешно согорување од електричните модели, ќе се користи следново: TFSI за бензински мотори, TFSIe за plug-in хибриди, TDI за дизели и e-Tron за електрични возила. За подобра диференцијација, Audi ќе се држи и до суфиксите што го означуваат типот на каросеријата: Sedan, Avant или Sportback.
Audi, исто така, планира да ги укине кратенките што означуваат моќност на моторот – на пример 55 TFSI. Се враќа 2.0 TDI или 2.0 TFSI. Конечно, би рекле…