По одредено одложување, електричниот Audi Q6 E-Tron сега е подготвен за официјалната премиера, која ќе се одржи подоцна оваа година. Додека тоа не се случи, германската фабрика објави нови слики (на кои овој автомобил се уште е во разнобојна камуфлажа) и неколку нови детали.
Според претходните информации, Audi ќе понуди и Sportback варијанта на Q6 E-Tron, која ќе добие заден дел како купе за клиентите кои претпочитаат поелегантен изглед.
Q6 E-Tron ќе биде лансиран и со нова технологија за активно осветлување што го прави ова ЕВ попаметно и побезбедно.
Сè уште нема официјални слики од внатрешноста, но некои рани шпионски снимки откриваат дека има големи екрани за контролната табла и екраните за инфозабава.
Q6 E-Tron е базиран на Premium Platform Electric архитектурата, која е и основа за идниот Porsche Macan EV. Технологијата вклучува електричен систем од 800 волти, а споменатиот опсег е 600 km со едно полнење на батеријата од околу 100 kWh (pd 10 до 80% капацитет се полни за околу 30 минути).
Што се однесува до димензиите, должината на возилото е околу 470 см, а меѓуоскиното растојание е околу три метри.
Верзијата Q6 E-Tron 55 има 380 КС со два електромотори или околу 400 КС во режимот Boost (достигнува 100 км/ч за околу 6 секунди), додека SQ6 има 490 КС или 510 КС во режимот Boost (доволно за забрзување до 100 km/h што трае помалку од 4,5 секунди).
Исто така, треба да се понуди и RS варијанта со високи перформанси со околу 600 коњски сили.
Конечно, и стандардната верзија на Q6 E-Tron и Q6 E-Tron Sportback ќе се произведуваат во Инголштад, Германија, додека цените ќе започнуваат од најмалку 60.000 евра.