Audi RS4 Avant продаден за 175.000 долари

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Audi произведува каравани со ознака RS повеќе од 25 години, а тие стануваат визуелно попривлечни и имаат поголема моќност со секоја нова генерација. Но, за некои фанови на Quattro, првиот RS4 е сè уште „тато“, а кога на пазарот се појавува добро одржуван примерок од овој модел, понудите доаѓаат нагло.

Генерацијата B5 на моделот RS4 беше произведувана помеѓу 1999 и 2001 година, исклучиво во караван форма. Не беше продаvaн во САД, но примерокот што беше продаден на аукција оваа недела беше увезен нов во Лос Анџелес, каде што беше адаптиран за да ги исполни локалните закони. Иако е произведен во 2002 година, автомобилот има поминато само 11.242 километри.

RS4 беше развиен врз основа на претходниот караван S4 и тие се произведуваа паралелно. Сепак, RS4 доби пошироки предни и задни браници, пониска и поцврста суспензија, поголеми и помоќни сопирачки и 18-инчни бандажи Avus. Исто така, големи промени се направени под хаубата.

Audi го задржа 2,7-литарскиот мотор од S4, но благодарение на магијата на Cosworth и двата турбополначи Borg Warner K04, моќноста е зголемена од 265 на 380 КС, а вртежниот момент на 440 Nm. Моторот е поврзан со 6-степенски мануелен менувач, централен диференцијал Torsen и погон на сите тркала Quattro. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч траеше 4,9 секунди, додека електронски ограничената брзина беше 250 км/ч.

Автомобилот прикажан на фотографиите покажува само мали знаци на употреба, вклучувајќи мало абење на надворешниот страничен потпирач на седиштето Recaro на возачот, неколку гребнатини под предниот браник и неколку други ситници.

Новиот сопственик потрошил 175.000 долари за ова „Audi RS4 Авант“ од 2002 година.