Audi сака да ги опреми автомобилите со волан што ја менува формата!?

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Audi поднесе барање за патент за технологија која овозможува воланот да биде во „опционална“ форма. Изгледа понапредно од „yoke“ воланот на Tesla.

Да, се чини дека идејата е солидно разработена, или барем така изгледа на цртежите што Германците им ги испратија на властите. Цртежите покажуваат дека Audi има визија за волан со дури осум краци што може да се заменат.

Резултатот се четири различни начини на кои може да изгледа воланот, пишува „HAK“.

Прво има обична тркалезна, потоа некаква форма на дијамант и уште две комбинации кои најмногу изгледаат како „осумка“.

Секако, поднесувањето барање за патент не значи дека овој волан всушност ќе заврши во производство, но доволно е што Audi размислува неконвенционално, нели?!

Слични содржини