Audi во 2023 година произведе 177.000 возила во Унгарија

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Компанијата Audi Hungaria, подружница на германскиот Audi, во 2023 година произведе 177.000 автомобили во својата база во градот Ѓер и со тоа го собори десетгодишниот рекорд, објави на социјалната мрежа Фејсбук министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Тој додаде дека германскиот производител на автомобили Мерцедес континуирано ја проширува својата фабрика во градот Кечкемет, додека BMW го гради своето седиште во Дебрецен, пренесува МТИ.

„Унгарија стана дел од ексклузивниот елитен клуб со Кина и Германија како земја во која сите три германски премиум марки на автомобили имаат независна база“, истакна Сијарто.