Опозиционерите денеска ја испорачаа 23-тата бомба до власта од Општина Центар.
Првиот социјал-демократ во О. Центар Центар Саша Богдановиќ објави снимки од разговори за кои вели дека се меѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски, а со кои се открива како лично Груевски договара за барокниот изглед на ГТЦ .

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски
НГ: Да да, те слушам. А кажи ми со овој Жермонд, што ти го пратив, Французов, како ти иде?
МЈ: За ГТЦ?
НГ: За ГТЦ да.
МЈ: Абе поставија многу прашања, треба да проверам Елена му ги одговара прашањата. Во најголем дел се одговорени прашањата но немам ништо повратно од кај него. Беа кај мене, му ги дадовме генералните податоци, го прошетав едно саат време убаво низ ГТЦ. Послем тоа постави неколку технички прашања, ги одговоривме и сега немам ништо повратно, не знам дали има нешто ново, да проверам.
НГ: А вие му одговоривте ли на прашањата?
МЈ: Најголем дел се одговорени, сега имаше минатата недела постави едни прашања, не знам дали се одговори, да проверам, да не ве лажам.
НГ: Како ти фаќа око тебе тоа?
МЈ: Вака, многу кратко имав средба. Не можам да ви кажам дали ќе биди или не. Дечково интелигентен е, прашањата што ги поставува се сериозни и не се од него, се она скици, сопственост на имотот. Проблем му е, вака првично што кажа, е што првите два спрата не се, не се државни туку се приватни, во најголема мера. Му дадовме ние сите, кој дуќан, чив е. Тој дури размислуваше. Праша што мислиш да се откупат сите дуќани, му кажавме дека се приватни. Тој кажа дека генерално сака да го има, цел трговски да е негов.
НГ: Ако си ги откупи тој од тие, немаме против ние. Нека си влезе у дил со нив и нека си ги откупи. Така?
МЈ: Мислам дека се одговорени сите прашања ама да ви потврдам за 5 минути можам да ви пишам СМС.
НГ: Ок. Важи.