Првиот опозиционер Зоран Заев на денешната прес-конференција објави разговори за кој рече дека е помеѓу Мартин Протуѓер и Емил Стојменов ,Драгана Павловиќ Латас и Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, за кои рече дека покажуваат како власта вршела диктат врз Сител и Канал 5.

Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Емил Стојменов
ЕС: Ало.
МП: Ало?
ЕС: Ее, Мартин.
МП: Ее, Емил здраво.
ЕС: Здраво.
МП: А бе, може ли да те замолам оваа анкетава на ДНЕВНИК ја превземаат вашиве…
ЕС: Добро. А која е таа анкета?
МП: Ако може да не ја превземат. Дека ќе тепаме со…
ЕС: Анкетата на ДНЕВНИК!?
МП: Да, да, да.
ЕС: Аха. Мартин…
МП: Затоа што…
ЕС: Кажи ми…добро, што?
МП: Ѓорѓи Спасов, Ѓорѓи Спасов ја има праено.
ЕС: Добро.
МП: И кај нив има накачено едно 3%, разбираш?
ЕС: Аха.
МП: Пак викаат дека ќе тепаме ние со 49 пратеници, они ќе имале 34-35, не знам како…
ЕС: Добро.
МП: Ама не е така, знаеш. Мее,
ЕС: Океј. Ти информирај ме пошто јас сум, тука гост на УЕФА, ме викнаа у Лондон сум, само што стигнав.
МП: Ааа, еее, супер, супер, супер. Извини.
ЕС: Така да ќе бидам една недела гост сум нивни, специјален овдека за ова финалето што е.
МП: Ааа, одлично.
ЕС: И до неделаа сум тука. Значи те молам било што, ја не сум у тек, не гледам, не пратам, информирај ме.
МП: Важи, ќе ти вртам ја, ќе ти вртам.
ЕС: Слободно, да знаеш. Сега ќе и се јавам на Лидија да и кажам за у 5 да не оди тоа веќе…
МП: Важи, важи друже. Важи, фала ти. Чао.
ЕС: Ајде, чао.
Разговор помеѓу Емил Стојменов и Мартин Протогер
ЕС: Ало
МП: Емил
ЕС: Е повели друже
МП: Шо праиш, како си?
ЕС: Добар еве тука до едно место дојдов со едни луѓе да се видам, ти?
МП: Добро бе добро еве по работа и така…
ЕС: Ахаа…
МП: Абе за ова, за тужбата денеска е актуелна
ЕС: Добро, која тужба?
МП: Ова со Грција што е…
ЕС: Аа добро добро…
МП: Иии оваа Богатинова го викнала овај Денко Малески…
ЕС: Добро…Ќе и кажам да го тргне добро…
МП: …овој објаснувал таму… вака така…
ЕС: А кај го викнала не разбирам
МП: У вести тамо давал изјава…експертски ставови
ЕС: А кога тоа? У 9? У кои вести бе?
МП: Е па не знам сега, така ми пишаа овие моиве…вика го викнала Денко Малески, Богатинова…
ЕС: У 3 има вести..ајде ја сеа ќе и се јавам одма…
МП: Да…
ЕС: …а шо објаснувал тоа говедо?
МП: Па дека и двете страни имале…требало да се реши спорот со Грција…дека тоа покажала пресудата
ЕС: Абе таа ненормална…
МП: Дека двете страни имале добра волја и треба така да се оди кон решение…
ЕС: Ќе и кажам да го тргне уопште да не го пушта, кој треба да го викне?
МП: Не бе некој…без разлика, некој нормален
ЕС: Дооброо
МП: Шо ја има исчитано пресудата, знаеш
ЕС: Дообро…ја нее… ја од тебе слушам
МП: Ние пративме брифинг до сите
ЕС: Добро…
МП: …до сите медиуми вака шо се…тези шо се важни за нас, знаеш
ЕС: Доброо, договорено
МП: Океј
ЕС: Готово, ја сеа ќе и се јавам у момент одма и се јавувам…
МП: Важи важи…
ЕС: Ајде друже, поздрав
МП: Чао
.Разговор помеѓу Емил Стојменов и Мартин Протогер
МП: Емил шо праиш, Мартин е
ЕС: Еее Мартин дома ништо посебно да ти кажам така седам…
МП: Ааа добро.. Види сакав нешто да те замолам ако може за поддршка..
ЕС: Кажи…
МП: На Нетпрес има излезено со овој Магаш едно интервју, во коешто кажува цел шверц со нафта со цигари како бил во детали…
ЕС: Добро…
МП: Тоа е ново интервју
ЕС: Аха…
МП: Тој од Нетпрес отишол да го сними, саат ипол го снимал…
ЕС: Аха…
МП: И кај вас идеше сеа као споредна вест одма со одговор на ес де ес дека од нас е штелувано и така…Ударно да го напраиме, важно ни е пошто сакаме цел нареден период тоа да го цедиме знаеш…
ЕС: Мхм мхм мхм…
МП: Ако може да го напраат со фокус вака да биде ударна вест и така..
ЕС: Добро а кај е тоа, кај го имало на вестите у 3 саат
МП: Да…
ЕС: …океј не сум се чул ја со оваа, ќе се чујам со со… со Лидија се слушнавте. Се слушнал некој со Лидија? Не знаеш…
МП: Па Илија зборел, Илија зборел…
ЕС: Мхм, мхм,мхм доброо…Важи ќе и кажам ја, важи друже договорено…
МП: Фала ти…
ЕС: Поздрав…
9.Разговор помеѓу Драгана Павловиќ Латас и Сашо Мијалков
ДПЛ: Да?
СМ: Само да знаеш, кажав да не кажуваат на другите.
ДПЛ: Добро.
СМ: До внесување, само ваша камера ќе има.
ДПЛ: Ваму у 1 саат, така?
СМ: Освен некој ако не дознае од други извори, знаеш како ти е тоа.
ДПЛ: Да бе, има по суд тоа. Приправници, чувари.
СМ: Секој…Не бее. Секој…У МВР, тука има шпиунчиња, овие, знаеш новинарите си имаат по некој.
ДПЛ: Не е проблем бе, не е проблем, ние…
СМ: Ама не е кажано, ја реков: сакам Латас да го частам, викам да има ексклузива за влагање, а за излагање ќе има и други.
ДПЛ: Добро, готово.
СМ: Така да знаеш, да имаш ти нешто, да имаш така…
ДПЛ: Поише.
СМ: Само ти, да.
ДПЛ: Важи. Кога идеш на одмор ти?
СМ: У 1 саат ќе го носат од напред. Значи од напред ќе го внесат.
ДПЛ: Од напред? Добро, добро.
СМ: Ајде.
ДПЛ: Ти кога идеш на одмор?
СМ: Ја идам у четврток на пат, ќе бидам на пат и после не се враќам, директно ќе продужам.
ДПЛ: Добро, добро.
СМ: Да знаеш. Ајде.
ДПЛ: Важи, чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ЗС: Океј, сака он да оди кај Миленко, нека оди.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Ја гледам што зборат. Ја немам фејсбук, ама гледам отприлика на Плусинфо, на Либертас, на овие, гледам што се коментира.
ГЈ: Јас имам, јас имам Зоки…
ЗС: Не сум од вчера…
ГЈ: Срам ми е да читам. Значи кога ќе видам статуси или наслов објавен, срам ми е. Не си така воспитан, мизерии да читаш, на јавен простор, најниски вулгарности.
ЗС: За таа новинарката една што беше исто…
ГЈ: За Мери, да. Мислам, каква сака нека е, ти не можеш да и го нарушуваш достоинството на тој начин. Кој ти дал право за тоа?
ЗС: И се друго, и некои такви. А бе го знам човекот е хоштаплер тешок.
ГЈ: Малограѓанштина.
ЗС: Лопивиште. Тој требаше во затвор да заврши, и…
ГЈ: Да, да, да.
ЗС: Таму му беше местото за тоа што го крадел.
ГЈ: А бе ајде. Добро нека оди фаворитот.
ЗС: Фаворитот бе, да.
ГЈ: Да.
ЗС: Сега он ќе се претстави. Нека тера, доста веќе.
ГЈ: Нека тера. Ти е гајле. По мене добра одлука, како што треба баш.
ЗС: Океј, ајде. Се гледаме, чао.
ГЈ: Ајде, се слушаме, се гледаме, чао, чао