(АУДИО) “Бомба 27”-транскрипт 5: Иво Котевски приватно нарачува барање на телефон

од desk3
140 прегледи

Денеска ќе презентираме дел од доказите што ќе потврдат кој следел и прислушувал во Република Македонија и како го правел тоа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија, додаде тој, ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток. Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постојниот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Опозиционерите објавија снимка меѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски од кој може да се чуе како полицискиот портпарол бара полцијата да се употреби приватно, за барање на мобилен течефон на пријател.

41475_1354315792_2692_n
1. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Да. Ало?
ИК: Ееј, ги гледам нашиве на Канал 5, алфите како ги снимале. Мислам, Канал 5 како ги снимале алфите. Еклсузивно видео од апсењето на Љубе.
ГЈ: Не сум гледала.
ИК: Јако е. Него, сакав да прашам нешто сеа. Мене ме замоли Васе, овој Доневски, нејќе да досаѓа, а не е ништо посебно. Него, не знам, нашиве проверуваат ли она да лоцираат телефони, имаат таква можност? Имаат ваљда.
ГЈ: Техничка мислиш, или што е работата?
ИК: Па ваљда преку Мобимак. А бе, не му се досаѓа на него, пошто за телефонот од ќерка му…
ГЈ: Што е работата Иво, кажи ми пократко.
ИК: Му украле на ќерка му ајфон, па затоа…
ГЈ: Нека пријави, ќе го лоцираме.
ИК: Не, он пријавил, него ми пушташе и број дал може да го лоцираме.
ГЈ: Може да го лоцираме, ќе го лоцираме.
ИК: На кого да му го препратам?
ГЈ: Ако е уклучен. На Горан јави му се од УБК.
ИК: Готово. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, ајде, чао.