(АУДИО) “Бомба 32” транскрипт 4: Се казнува полицаец само затоа што бил на митинг на Обединети за Македонија

од desk3
104 прегледи

 

На денешната прес конференција ќе слушнете и ќе ви стане јасно колку навистина е сериозна ситуацијата во Македонија, дека си имаме работа со непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски и дека тие се сериозна закана и за професионалците во полицијата и за безбедноста на граѓаните, изјави Заев на почетокот од објавувањето на т.н. бомба на опозицијата.

Во вториот сет разговори што ги објави Заев, според него се слушаат разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков од кои може да се чуе како разговараат за тоа како да понижат полицаец само затоа што бил на митинг за Обедините за Македонија.

hqdefault

7. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Абе знаеш зашо ти се јавив тебе за тој еден што бил кај ЉУбе му го заборавив името
ГЈ: Тој што ми го кажа за прекршоци тогаш
СМ: Да, бил на протестите за Љубе
ГЈ: Епа супер дај некако да го избркаме оти ја не му дадов решение тогаш, фактички он е нераспореден у моментот, јас чекав знаеш да поминат избориве да не има уште некој да покаже
СМ: Александар така
ГЈ: Така некако Александар Панов ли така некако беше знам кој е, тогаш одма го тргнав настрана решението и чекав да завршат избориве да види
СМ: Однеси го некаде кој знае каде
ГЈ: Супер ќе му најдеме некое место….
СМ: Полошо да нема на протестите ја во очи го видов
ГЈ: Некоја аналитика во ПС Арачиново за да нема полициско овластување да зима помала плата
СМ: Е така
ГЈ: Ееее за такви…или пак шофер ќе го ставам у возен парк
СМ: Е така, така супер
ГЈ: такво некое понижувачко место
СМ: Абе шофер да биде не тука во мрвр да биде некаде маргинално или аналитика у арачиново тоа може уште подобро
ГЈ: Такво некое битно е сега ние да не го….
СМ: Шофер знаеш како, шофер ќе може да искочи ваздух да зема, а вака аналитика у Арачиново….
ГЈ: Поарно ќе треба да иде на работа
СМ: Ќе треба да иде на работа
ГЈ: Ќе го решиме немај гајле за тоа не му ни потпишувам
СМ: А за другите работи ќе те побарам јас сакам да дојдам систематизацијата да ја потпишеме више стана историска, тоа не е до тебе до мене е ама….
ГЈ: Јас сакам да ти кажам ама викам ај да не запињам
СМ: Гужви и така
ГЈ: Да де да добро штом до тука сме стасале ќе го решиме не е проблем
СМ: Ок
ГЈ: Ок важи немај гајле
СМ: Ќе се чуеме да не го заборавиш
ГЈ: Не, не го заборавам тргнат ми е уште од пред изборите и сега таман причина повеќе поубаво место да му најдеме
СМ: Добро ајде
ГЈ: Ајде