(АУДИО) “Бомба 32” транскрипт 7: Јанкулоска и Котевски коваат ПР план како да го искористат девојчето сведок на двојното убиство во Гостивар

од desk3
119 прегледи

На денешната прес конференција ќе слушнете и ќе ви стане јасно колку навистина е сериозна ситуацијата во Македонија, дека си имаме работа со непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски и дека тие се сериозна закана и за професионалците во полицијата и за безбедноста на граѓаните, изјави Заев на почетокот од објавувањето на т.н. бомба на опозицијата.

Во разговорите што ги објави Заев, според него се слушаат разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски од кои може да се чуе како разговараат за тоа како да го искористат девојчето сведок на убиството во Гостивар за да го искористат во ПР цели за власта

download (2)

10. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ГЈ: Али Канал 5 колку незнаат вака да..
ИК: Ич таа изјавата како ја налепија, значи оваа од ОБСЕ збори нели за генерално случајот оценки
ГЈ: Да де да ја за девојчето
ИК: Ако лепиш болје ако лепиш веке залепи изјава тоа со девојчето би требало да иде во контекст на службенава белешка и тие цитатите што ги кажуват ќе ве убијам и тебе и девојчето
ГЈ: Да де да и нешто демек исто и со оној дел кај што викаме дека не бил на должност ова, она и така некако да ја налепиш ма да она со девојчето добро изгледа вака
ИК: Не не супер е
ГЈ: Мислам ептен е она …
ИК: И реков Цаци е дежурна во сабота така да фино би било во сабота да се обидеме нели да до тогаш да ги договориме луѓево
ГЈ: Да, да е добро тоа што рекоа не е семејството во Гостивар ова, она тоа е ок ама колку незнаат да го направат на толку зборење со Богатинова ти кога влезе кај мене на телефон со неа зборев, му се јавив и на Зинго да видеме и они шо ќе направат

11. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ГЈ: Да тоа ќе заврши работа и плус ќе заврши работа Цаци ако го направи ептен патетично
ИК: Не не Цаци е на вести некој ќе го направи патетично али му кажав ја и на Далибор
ГЈ: Добро она да го провери
ИК: Апсолутно тука имаме соработка
ГЈ: Да ама и за денес и за денес да си биде
ИК: Што прилогот? Ја им реков абе нашиве се морони мислам ја неможам се да им работам, да речеме ја им кажав училиштето на девојчето, тоа не е тајна или шипоиве знаат во кое школо учело Гоце Делчев, да почнат со прва реченица да биде, два дена малата не иде у школо, загрозени се иселени
ГЈ: Дека после тоа неможела да даде изјава истрауматизирана па психолог некој да…
ИК: Па тоа им викам утре снимете ја вратата од нивниот стан значи иселени се затворена врата и крај
ГЈ: Да де да или да земат изјава од психолог демек што ќе значи ова за девојчето ќе биде ли нормална…некои такви знаеш
ИК: Не ако зборот у камера све ќе покрие тоа по што му кажав и на Далибор да им објасни дека изјави од камери ни требат ќе се договориме со Сител, дека џандаров незнам бил јак и грижлив татко, чуствителен имал самоконтрола
ГЈ: Па девојчето секој ден плачело сега неможеле да ја смираат и се враќале сликите такви некои
ИК: Да де така драма
ГЈ: Па психијатар некој ние филм Анџелина Џоли ќе снимеме
ИК: Уште да ќариме нешто џандар што убил двајца
ГЈ: Не само што нејќеме да изгубиме него ќар да искочиме
ИК: Да де да од двајца убиени ама не реално кај македонци се дуи гласачко тело у Тетово македонци ти се а нема македонец што реално нејќе
ГЈ: Затоа и овој од Алсат кога ме праша не му полемизирам самоодбрана за убиство е пријавата и си терам девојчето овој, оној по шо …
ИК: Да де да ама овакво нас македонци не гласаа ама македонци прва реакција е ако така им треба друг пут нека се замислат што прават овие важат за дивјаци еве ви пичка ви матер последен пут пак терајте пак уште двајца
ГЈ: Вака изгледа дивјачки , сложувам се…
12. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ИК: Мислам не беше нешто. Не беше пљукачки.
ГЈ: Не беше спектакуларно, ама Телма е бе Иво.
ИК: Да.
ГЈ: Ко Сител да направи објективен прилог за комуњарите. Сега имаат у најава, нето у стилу искршени прозори во Гостивар, ова-она.
ИК: Кој? Телма?
ГЈ: Па така негде ко га прочитав. Да. Закани, навреди и искршени прозорци на протестот во Гостивар е наслов.
ИК: Не бе тоа, како не се погоди, тоа ќе беше многу јако да се погодеше и некој новинар да зачукаа тие кретените.
ГЈ: Еј тоа супер ќе беше.