Елена Ристеска пушти нова песна во видео етерот, насловена „Немаш право ти да ми судиш“.
Песната се уште нема добиено видео спот, туку е придружена со фотографии од самата Елена Ристеска, а снимени од Стефан Николовски.
Продуксцијата, композицијата и аранжманот се на Дарко Димитров, додека текстот е на самата Елена Ристеска.
Песната е дел од албумот “Без шминка”, објавен минатата 2015 година.