Давид Темелков ја напушти втората сезона на регионалното шоу „Икс Фактор“ во финалните емисии. Тој беше сериозен кандидат за победа и фаворит на голем дел од публиката.
Неговата менторка Александра Ковач, работеше некое време со него, но уште во суперфиналето тој најави дека македонските музички автори веќе го контактирале и започнал со снимањето на песни. Така тој ја промовираше неговата прва песна „Ти си моја улица“.
Музиката е на Григор Копров, текстот на Огнен Неделковски, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.
Давид е од Скопје и студира на Факултетот за музички уметности.