(АУДИО)”Бомба 29″-транскрипт 1: Некој му има дадено „пуна“ и го зденал асално

од desk3
118 прегледи

 

Денеска граѓаните ќе слушнат кој и зошто сакаше да ја убие вистината за згаснувањето на еден млад живот, животот на Мартин Нешковски, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција.

5819332448_a2c479f096_z.preview
„Ќе чуете признанија на Сашо Мијалков дека убиството на Мартин Нешковски го извршил полицаец додека бил на должност. Ќе се дознае дека за да избегне одговорност власта смислила план зад превезот на барањето за индивидуална одговорност да се прикрие одговорноста на МВР, затоа што се работи за полицаец кој делувал за време на должност“, изјави лидерот на СДСМ, Заев на денешниот прес.

Во првиот сет разговори се слуша како, наводно разговараат Гордана Јанкулоска , Иво Котевски и Мартин Протуѓер и се договараат како да го заташкаат случајот “Убиство на Мартин Нешковски”

1.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Да.
ИК: Ало?
ГЈ: Кажи Иво.
ИК: Е, ништо бе за оваа што праша, таа талентот. Тоа уште од синоќа некој им го имаше пуштено муабетот, ама нема врска.
ГЈ: Е па добро де, јас затоа и реков да пријави.
ИК: Да де да. Не, тоа ми е…сега знам дека е отпосле, ама јас затоа не го ни спомнав. Уште од синоќа ми се јавуваат некои новинари, го пуштиле муабетот дека Алфите убиле дете, а нема врска, тој си е починат…
ГЈ: А која беше таа?
ИК: Не ја знам, прв пат ја гледам. А тој си е починат уствари од…сега природна, сега не знам дали е смрт со дрога, ама нема траги на насилство. Телото е дадено на обдукција, го нашле на Баскер фест мртов.
ГЈ: А каде се случило тоа?
ИК: На плоштад.
ГЈ: Добро де, јас затоа и реков нека дојде, нека даде изјава.
ИК: Така де така. Не, не, океј си беше одговорот, мислам, дефинитивно, само што, идиот. Мислам кој знае кој ги пушта муабетите…
ГЈ: Да де да.
ИК: Ама толку, не им проаѓа ништо. Мислам дека денеска…
ГЈ: Не, не, денес е. Денес е победнички.
ИК: Имаше и кога се симињав, заборавив да споманам, првична изјава од Европска комисија дека изборите покажале демократска зрелост, дрн-др-др-мн-др-др, ама нејќеле да коментират се додека ОБСЕ не…
ГЈ: Морам да прекинам Иво.
ИК: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.

2.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да. Ало?
МП: Горде,
ГЈ: Кажи?
МП: Може ли да ми кажеш или некако да одговориме за ова што…некое дете вчера што било убиено…
ГЈ: Одговоривме ние.
МП: Што?
ГЈ: Дека прво нема такво нешто, второ нема од обдукцијата знаци за насилство и воопшто не е ни пријавен како настан тој. Значи одговоривме, Иво имаше изјава денес за тоа и плус и јас имав изјава.
МП: Мхм, мхм.
ГЈ: Така да некој ако прави, има од нас став.
МП: Прават ова на Твитер, на Фејсбук на…Океј, океј. Повикуваат на протести…
ГЈ: Ама имавме изјава. Некои на пример од нашиве, Сител или Канал 5 ќе ја пушти на Иво изјавата.
МП: Океј, ајде. Готово.
ГЈ: Тој наркоман бил изгледа.
МП: Ааа, наркоман. Добро. Чао, чао.
ГЈ: Ајде.
3.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Ало.
ИК: Ало.
ГЈ: Кажи бе Иво.
ИК: А бе мене стварно не ми е да досаѓам. Не е ни за мрза, него го слушам сега Ивица, ептен не ми е за демант. Мислам се…Единствена молба, аман немојте да шекулирате додека не расчистиме, а тоа е многу лигаво…
ГЈ: Е добро де, тоа е океј.
ИК: Многу лигава варијанта. Многу е лигава варијанта, јас тоа да сум не би го пренел, мислам…Не можеш ти, расчисти го, па нема да шекулирам. А не да ме молиш.
ГЈ: Не, ама не е така. Значи они не шпекулираат, они обвиниуваат. Еве сега на Алсат слушам.
ИК: Ама…Не, не, ги гледав и јас. Не не обвинуваат, копиљаци обвинуваат. Ама ние…де факто ги слушав како скандираат. Тоа е…Го пуштија А1 моето тонско парче, реално не знаеме и не можеш да демантираш…Ивица ми вика и многу е веројатно и можно е да излегле наши, да е. Скраја да е.
ГЈ: Ама…добро бе. Ние ќе го расчистиме.
ИК: Знам, ама многу е…
ГЈ: Не можеш да не го расчистиш, така?
ИК: Не, не, мора да го расчистиме. Затоа викам, единствено треба лигаво да ги молиме: аман те, не шпекулирајте. Што ништо не мења во ситуација, не го демантираш. Ти не му викаш не се Алфи. Него: ај те молам, не објавувај дека се Алфи. А тоа е премногу лигаво…по мене.
ГЈ: Не. Не е. Сега испаѓа ние цело време си ќутиме…
ИК: Не, не, ама реално сме „уза ѕид“. Значи немаме ништо, ама баш ич ништо. Ене ги нашиве ги собираат, и овие копиљациве што протестираат не знаат зошто протестираат. Никој не го познава дечково. Ние имаме 4 имиња, ги проверуваме тие, кој знае дали ќе излезе некој од тие четворица. Чудно е, да немаш ни татко, мајка, брат, сестра, роднина.
ГЈ: А па ете, тој копиљот рече Даниел од Ѓорче дека е.
ИК: Ма рече. Еве нашиве извадиле четворица Даниел, со не знам ралични, четири презимиња од Ѓорче. До сега го немаме дека е тој и тој Даниел. Значи…
ГЈ: Е па добро де. Треба да го соберат тој очевидецот.
ИК: Ама ги имаат собрано. Сега двајца од групата ги собрале и викаат, не зна-ат! Мислам многу е чуден настанот. Ти…ја…мене тоа не ми е јасно. Што…Ја не викам…Нашиве нели знаат да се ајдуци, знаат да направат беља, ќурутлија, да прикриваат и така натаму. Еве сега Ивица ми вика, и од ова што го читал од обдукција, вика се повеќе сум убеден дека навистина се случило. Дека некој му има дадено „пуна“ и го зденал асално. Ама како може да немаш буквално никој 24 саата, макар да го пријави како исчезнат, дури и да не разбрал дека е убиен.

4.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Ало.
МП: Еее.
ГЈ: Ало.
МП: Кажи Горде.
ГЈ: Е па ти пишав за тоа што те барав.
МП: Не сум добил порака. Што?
ГЈ: Ти пишав за ова што зборевме преѓе. Треба малку Нетпрес, ако ти врви муабетот да збориш со нив. Пошто фактички они се…
МП: Да бе да, треба. Ние требаше…наше да биде.
ГЈ: Е па затоа. Они и Геро највише да буткаат темава. Не знам што е работава.
МП: Добро, добро. Одма ќе јавам.
ГЈ: Они можда мислат дека сега им е мајката, истражувачко новинарство да промовираат, ама не мора баш на овој случај.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Така да…
МП: Види, знаеш што е проблемот? И Урко му кажал различни работи на човекот, од ова ти што ми го имаш кажано.
ГЈ: А од кај знае он?
МП: не знам. Дека 3 пути го фаќала полиција детево, дека им бегал, таман лисици да му стаеле он бегал…
ГЈ: Види, значи он не можел да знае…
МП: Му рекле од Тигрите дека бил.
ГЈ: Не може да знае. Он нема пристап до информациите до кои јас имам пристап. Мислам…он треба или да бил очевидец да го каже тоа…
МП: Па тоа ми е сумљиво…Сумљиво ми е…Све ми е сумљиво.
ГЈ: Ти кажав јас. Нашиве…
МП: Да не…
ГЈ: Нај…
МП: Да не е некој од таа екипа?
ГЈ: Па од таа е сигурно. Значи ако не е полицаец, што е многу малку веројатно да е полицец, значи 1% е да е полицаец, ама и тоа не го исклучувам, е од нивните.
МП: Мхм.
ГЈ: Пошто и по описот, у тесна бела маичка со тетоважа на рака, крупен, набилдан.
МП: Аха, аха.
ГЈ: Ха, ха. А? На што ти личи тебе?
МП: Да бе да….
ГЈ: Ќе видиме. Сега убедивме две девојчиња да дојдат у станица…
МП: Добро Гоцо.
ГЈ: Па ќе видиме што ќе кажат они. Ајде
МП: Важи. Чао.
ГЈ: Ајде, ајде чао.