Првиот социјал-демократ на Штип, Владимир Милошев објави аудио снимка за која посочи дека е разговор помеѓу Миле Јанакиески и Ванчо Костадиновски, кои договараат пензионерите да ги однесат на викенд во Грција и Србија, и да ги држат на граница за да не гласаат.Пинатаму објави и разговори меѓу Никола Мицевски и Ленче Самарџиевска кои покажуваат , како на денот на локалните избори во 2013.та година, Никола Груевски преку секретарката бара во Штип да се забрза акцијата, особено неопределените, сите по список да се извадат на гласање.

Разговор помеѓу Никола Мицевски и Ленче Самарџиевска
ЛС: Ало Никола…
НМ: Ало
ЛС: Здраво, Ленче е од кај Претседателот
НМ: Да, повели Ленче
МС: Те молам Никола да забрзате со акцијата особено со неопределените, сите што…
НМ: Да Ленче…
ЛС: Да ги вадите од дома…
НМ: Да Ленче привршуваме…молам? Да ќе ги вадиме од дома, да Ленче
ЛС: Значи, значи побрзо. Побрзо да се активираме да се извадат сите, секој по три што си предложи, да си ги носат и повратно да имате кој кого извадил
НМ: Да да да, во ред, во ред, списоци ќе…фала
ЛС: Ајде
Разговор меѓу Миле Јанакиески со Ванчо Костадинов