АУЕ ФОН универзитетот слави 18 години постоење

од Берта Китинска
380 прегледи

19ти Март е ден кога АУЕ ФОН универзитетот слави 18 години постоење.Имајќи ја во предвид светската пандемија Ковид-19, овогодинешниот настан во чест 18 години постоење ќе биде спроведен на нетрадиционален начин т.е виртуелно.

Универзитетот, основан како прв приватен универзитет во нашата земја, изминатите 18 години прерасна во најголемиот приватен универзитет на Балканот.

АУЕ-ФОН  ја започна оваа учебна година 2020/2021 трансформиран согласно најсовремените американски образовни стандарди кои нудат флексибилни, либерални и просперитетни студии ставајќи го студентот во фокусот на интересот. Амбициите на АЕУ ФОН сепак не спласнуваат.

Говорејќи за иднината Директорот на АУЕ ФОН М-р Сефер Цаноски истакна:  “Горди сме на промените кои овој наш универзитет ги направи изминатиов период. Во време на криза предизвикана  од панедмијата со корона вирусот, вредно е да споменеме дека АУЕ-ФОН е единствен Универзитет кој за една третина има зголемен број на уписи на студенти во однос на минатата година. Нашиот главен фокус се нашите студенти за кои константно вложуваме и инвестираме. Нашиот главен таргет е секогаш и првенствено квалитетот. Поради континуираното зголемување на бројот на новозапишани студенти во чекор со сите промени ќе бидат спроведени нови инвестициски зафати со инвестиција од преку 5 милиони евра која вклучува нови академски кадри, нови програми и нови просторни капацитети меѓу кои спортска и фитнес сала. Со други зборови АУЕ ФОН ќе биде проширен на дополнителни 18 000 м2. Се ова ќе биде создадено во согласност со сите американски стандарди и погодно за користење и од лица со попреченост.

Претседателот на АЕУ ФОН Рејмонд Акики истакна: “Особена чест и задоволство ми претставува што на нашата свеченост ни се придружија, добри пријатели и партнери на Американскиот универзитет на Европа , два од најистакнатите глобални универзитети, Регионален универзитет во Мајами и Универзитетот Антонин.

Размислувајќи за прифаќање на 21-ви век, сакам да ви дадам чувство за вредноста на либералното образование. Но, прво, би сакал да ви укажам на едно нешто. Либералното образование нема никаква врска со „либералното“ во политичка смисла. Ниту, пак, ги игнорира науките. Либералното образование – како што е најдобро дефинирано од кардинал Њуман во 1854 година – е „широко изложување на контурите на знаење“ заради себе, наместо едноставно да стекнете вештини за одреден занает или работа.

Јануари 2020 година, го одбележа времето на невидена трансформација во Универзитетот и земјата, Универзитетот подготви и усвои нова визија за иднината заснована на либералното образование. Тоа е визија која детално ја опишува тековната динамика и трајната важност на либералното образование како суштинска за позиционирање на судентите, како и на инструкторите за успех во светот што никој од нас навистина не може да го предвиди.

Нашата визија за иднината ја потврдува потребата на либералното образование како најдобро средство за подготвување на студентите за работа, државјанство и живот и за катализирање на социјалната мобилност. Американскиот Универзитет во Европа не предава за професионални струки – тој едуцира за живот.”

За трансформацијата на АЕУ ФОН разговаравме и со студентите од самиот универзитет.

Ксенија Николова образложи: “Го избрав АUE FON универзитетот за мојата втора мастер диплома за политички науки и дипломатија, затоа што сакам да бидам доживотен ученик, не само студент. Флексибилноста на програмата и временскиот простор беа идеална опција за мене, откако работам во текот на денот. Искрено уживам полагајќи го секој испит, затоа што разбирав што учев. Веќе ги користам сите работи што ги научив тука во моите дневни работни обврски а тоа секако ми беше приоритет. Се чувствувам горда што сум дел од AUE FON.”

Во рамките на трансформацијата што се случува на АУЕ ФОН, во најава е и се очекува да започне со работа и новиот факултет за Физиотерапија, како и факултет за Прехранбена индустрија за кој сме во фаза на акредитација во соработка со Мајами универзитетот од Охајо, САД.

Меѓу другото, назначен е и нов в.д. ректор а тоа е Канаѓанецот Роберт Артур, кој ќе придонесе за уште попозитивен исход на цела оваа трансформација.

Се соочуваме и ќе се соочуваме со многу предизвици, но и покрај тоа верувам во иднината на Американскиот универзитет на Европа–ФОН, вели М-р Цаноски.

Предизвиците се наша мотивација. Студентите во фокусот. За поквалитетно образование.

Слични содржини