„Аваја“ со поддршка на предложените измени на законот за државјанство

од Берта Китинска
307 прегледи

Сметаме дека највисок степен на интеграција на граѓаните е решавање на граѓанскиот статус и стекнување со државјанство на сите граѓани во согласност со позитивните прописи на државата, велат од здружението Аваја во однос на законот за државјанство.

-Заради целосно отсликување на моменталната состојба во државата констатираме дека одредена категорија на лица (особено лица од Ромската заедница) се најчесто без регулиран статус и се дел од лицата на апатриди – бездржавјани кои што не се државјани во ниту една од бившите држави на СФРЈ и кои сеуште не можат да се стекнат со граѓански статус, лица кои што имаат изводи без матичен број или без никаква функционалност на таквите изводи, без евиденција на раѓање или правно невидливи во системот и пред се лица кои се означени како странци во сопствената држава во која што се родени и во која што живеат.

Оваа категорија на граѓани не го регулирале својот статус со претходните одредби од законот за државјанство од 1992 година кој беше со рок на важност од една години и во 2004 година кој беше со рок на важност од две години.

Сметаме дека предложените измени и дополнување на законот за државјанство одат во прилог на решавање на овој проблем и овозможување на овие лица да го регулираат својот граѓански статус и на тој начин да се постигне најдобар степен на интеграција на сите граѓани.

Дефинирање на категоријата на лица за која што се однесуваат предложените измени сметаме дека се повеќе од неопходни затоа што ќе се остранат и дилемите дали предложените измени се однесуваат и на : апатридите, странците кои што се родени во територија на Република Северна Македонија и немаат државјанство во ниту една од државите на бивша СФРЈ, лицата кои што ги пропуштиле наведените рокови а кои што реално до 8 септември 1991 година живеат во Република Македонија. Овие лица ќе треба да докажат дека до 8 септември 1991 година живееле во Република Македонија со доказ за исполнување на условот т.е можат да поднесат барање за да се стекнат со државјанство, со дадена изјава од тројца сведоци кои ќе сведочат дека поднесителот за добивање на државјанство живеел на територијата на Република Македонија до 8 септември 1991 година или со дадена изјава од сведок кој во тој период бил жител или сеуште е жител во местото во кое живеело лицето.

Во овој контекст Граѓанското движење Аваја очекува дека статусот на лицата без државјанство ќе се реши и ќе им се овозможи пристап до основните човекови права загарантирани со Уставот на РСМ, велат од здружението.

Слични содржини