„Аваз“: Американски шпионски авион повторно лета на небото над Босна

Компанијата-сопственик редовно им го „изнајмува“ посоченото летало  на Вооружените сили на САД за потребите на нивните шпионски мисии, поточно за извидување, набљудување и следење на активностите на Вооружените сили на Република Србија.

од Бети Божиноска
278 прегледи

Шпионски авион „бомбарди челинџер 650“, познат како „Артемис“, што американската војска го користи  за собирање податоци, кружел во воздушниот простор над Босна и Херцеговина, пренесува „Аваз“.

Иако е во приватна сопственост, армијата го изнајмува за свои потреби. Авионот полетал од воздухопловната база „Михаил Когалничану“ во близина на Констанца, Романија, која се наоѓа на брегот на Црното Море, каде што е стациониран поради ситуацијата во Украина. Од почетокот на руската агресија, авионот извршил стотици летови во близина на воените зони.

„Овие авиони можат да гледаат многу далеку додека летаат на надморска височина од 40.000 стапки (околу 12 км)“, изјави Мајк Шањон, потпретседател на компанијата Leidos Defence Group од Вирџинија, за веб-страницата „Дефенсон“.

За потсетување, гореспоменатата компанија редовно им го „изнајмува“ посоченото летало  на Вооружените сили на САД за потребите на нивните шпионски мисии, поточно за извидување, набљудување и следење на активностите на Вооружените сили на Република Србија.

Како и изминатите неколку пати, „Артемис“ повторно го надлетува просторот над линијата Мостар- Сараево –Тузла. По полетувањето од Констанца, „Артемис“ летал во правец на Темшивар, Сегед и Мохач, а по минувањето низ воздушниот простор на Хрватска преку Дервента влегол во воздушниот простор на Босна и Херцеговина.

Концептот на овој шпионски авион се разликува од класичното прислушување на непријателските комуникации на бојното поле. Наместо тоа, тој ѝ овозможува на војската да ги следи софистицираните комуникации на непријателските национални држави од безбедно растојание.

 

 

Слични содржини