„Аваз“: Германија, Франција и Холандија против кандидатскиот статус за БиХ

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Босна и Херцеговина во изминатиот период не направи ништо за приближување до Европската унија – се погласна е пораката од Брисел.

Како што потврдиле за порталот „Аваз“ од дипломатските кругови во Брисел, и покрај иницијативата на Словенија која ја поддржаа и Унгарија, Хрватска и Полска, против давање кандидатски статус на Босна и Херцеговина се Франција, Германија и Холандија.

Како што се наведува, тие сметаат дека би било лош знак на БиХ да ѝ се даде кандидатски статус без исполнување на условите. Како што додаваат, од друга страна, клучна е перспективата.

Денеска во Брисел започна дводневниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се фокусира на доделувањето кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија, како и на плановите за создавање европска политичка заедница.

И покрај иницијативата на Словенија да ѝ се додели на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство во Европската унија без одлагање, со имплементацијата на Бриселскиот договор, тоа веројатно нема да се случи, иако има и такви кои наведуваат дека Украина добила статус на кандидат без никакви услови.

Слични содржини