240
Мурсал Набизада, поранешна пратеничка во авганистанскиот парламент, била убиена од непознати вооружени лица во нејзиниот дом во Кабул, соопшти денеска полицијата.
Набизада и припадник на нејзиното обезбедување беа убиени, а нејзиниот брат е повреден во нападот кој се случил викендов, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.
Нападот се случил во текот на ноќта во саботата, додаваат од полицијата и наведуваат дека за нападот не биле информирани до околу 07:00 часот наутро вчера.