Авганистан: Талибанците наредија затворање на козметичките салони

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанската администрација во Авганистан нареди затворање на козметичките салони во рок од еден месец, соопшти министерството за морал.

Странските влади и претставници на ОН ги осудија зголемените ограничувања за жените откако Талибанците се вратија на власт во 2021 година, откако ја поразија владата поддржана од САД, пренесе „Ројтерс“.

Минатата година талибанските власти ги затворија повеќето средни училишта за девојки, забранувајќи им на жените и младите девојки да влезат на универзитети и да работат на полето на хуманитарна помош.

Слични содржини