Авганистански авион се урна во Узбекистан, истрагата е во тек

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Министерството за одбрана на Узбекистан денеска потврди дека авионот на авганистанските воздухопловни сили се урнал во регионот Суркандарија, кој се граничи со Авганистан.

– Авион на авганистанските воздухопловни сили се урна претходниот ден во узбекистанскиот регион Суркандарија. Деталите за инцидентот во моментов се истражуваат, а релевантните информации ќе бидат објавени подоцна – изјави за руската агенција ТАСС, портпаролот на Министерството за одбрана на Узбекистан, Бакром Зулфикаров.

Станува збор за авион со ознака за идентификација на авганистанските воздухопловни сили, кој се урна во округот Шерабад, Суркандарија, вечерта на 15 август, како што објави „Газета.уз“.

Фотографиите и видеата објавени на интернет покажуваат делови од урнатиот авион и најмалку едно повредено лице.

Слични содржини