Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани се наоѓа во оваа заливска земја.
Гана избега со хеликоптер од Авганистан во Таџикистан на денот кога Талибанците влегоа во Кабул.
Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан денеска тврдеше дека зел 169 милиони долари со себе.
Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесе Би -Би -Си.