Август одамна ја носи репутацијата на „црн“ месец кога станува збор за хороскопот. Од некоја причина крајот на летото е исполнет со негативни настани – било да се работи за финансиски потреси, трагедии со човечки жртви или природни катастрофи. А дали август 2025 ќе биде исклучок или ќе продолжи по вообичаениот пат, открива руската астролог Наталија Лабонина.
„Август како да ја собира во себе целата напнатост на годината: економски нарушувања, политички промени, природни катастрофи, кризи во односите и внатрешни ломови. За жал, 2025 нема да биде исклучок. Енергијата на осмиот месец е судир на логиката и интуицијата, отвореноста и лукавството, акцијата и анализата. Сето тоа ќе се почувствува во финансиските системи, на работното место, но и во семејните односи,“ вели Лабонина.
Зошто август се смета за ризичен месец?
Според западната астрологија, Сонцето преминува од Лав во Девица – тоа е период на пренос од самопотврдување кон анализа, од сјај кон структура. Меѓутоа, август 2025 дополнително е оптоварен со низа напнати астролошки аспекти:
Од 24 август почнува ретрограден Меркур во знакот Девица – појачува проблеми во логистиката, притисок врз здравствениот и финансискиот систем.
10 август – полна Месечина во Водолија во аспект со Уран – можна се изненадни пресврти, проблеми во колективите, нагли информациски скокови.
Марс во Близнаци во опозиција со Сатурн – навестува ограничувања, конфликти во сообраќајот, образованието и технологиите.
Поглед од источната астрологија
Според кинескиот хороскоп, од 7 август до 7 септември 2025 трае месецот на Дрвениот Мајмун. Металот на Мајмунот го „сече“ дрвото – што претставува најсилен судир на енергиите во месецот.
Во годината на Дрвената Змија тоа создава „двоен судир“ и внатрешен раскол. Енергијата на месецот се судира и сама со себе и со енергијата на годината: металот сече дрво, Змијата се судира со Мајмунот – напнатоста се удвојува. Ова е директен конфликт на логика и емоции, стратегија и интуиција.
Што носи двојниот конфликт:
Конфликти во бизнис сферата, притисоци, промени на насоката.
Можни ненадејни оставки, кадровски промени, протекување на информации.
На личен план – потреба да донесете зрели одлуки, да ја пуштите минатото и да ги заштитите своите граници.
„Овој месец особено треба да бидат внимателни припадниците на одредени знаци на Зодијакот и родените во одредени години според кинескиот календар. За нив црниот август може да донесе повеќе предизвици отколку за останатите,“ предупредува астрологот.
Тигар, Коњ, Куче – директен судир со Мајмунот. Можни изненадни конфликти, загуби, физичка или емоционална исцрпеност.
Мајмун – месец на „самоказнување“, можно несвесно однесување, грешки, внатрешна анксиозност. Од 8 август до 7 септември е можен поттик во кариерата и враќање на стари кармички приказни.
Змија и Петел – добиваат поддршка, но и искушение на моќта. Клучот е во одржување на балансот.
Што ги чека хороскопските знаци?
Овие шест знаци мора да бидат на посебно внимание:
Лавови – ве туркаат кон ново ниво на остварување. Не се држете за старото. Полната Месечина ќе покаже каде сте се изневериле себеси.
Девици – не може сè да се објасни со логика, верувајте на знаците. Престанете да пресметувате, време е за доверба и прифаќање.
Ваги – важно е да градите искрена комуникација. Бидете отворени, но не и премногу остри.
Шкорпии – судир на емоции и контрола. Не се потиснувајте, дозволете си ранливост.
Водолии – период не само на нестабилност, туку и на увид. Не планирајте премногу круто.
Ракови – можете да добиете признание ако се ослободите од старите обрасци на однесување.
„Август 2025 нема да биде толку црн, колку што сите ќе се најдеме на некаков испит. Тие што нема да бегаат од напнатост, туку ќе бараат решенија, ќе го добијат клучот за лична стабилност за остатокот од годината,“ заклучува астрологот.