Авион се урна во Германија, загинаа неколку лица

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Авион „Пејпер“ се урна денеска во југозападниот дел на Германија, при што загинаа три лица.

Авионот паднал во шумска област во провинцијата Баден-Виртемберг, а рано утрово полетал од аеродромот во Штутгарт, пренесуваат германските медиуми.

Според податоците за контролата на летот, во авионот имало тројца патници, кои загинале во несреќата. Според портпаролите на контролата на летот, пилотот не побарал помош, ниту го активирал протоколот пред падот.

Итните служби во моментот се на терен и се обидуваат да ги извлечат телата од остатоците.

Полицијата соопшти дека црната кутија е пронајдена недалеку од местото на несреќата и дека околностите на несреќата ќе бидат испитани во најкраток можен рок.